Ќе се наежите: Анастасија Ражнатовиќ ги покажа гласовните способности пеејќи ја најпознатата балада на Лепа Брена (ВИДЕО)

Ќе се наежите: Анастасија Ражнатовиќ ги покажа гласовните способности пеејќи ја најпознатата балада на Лепа Брена (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Емотивна изведба од која ќе се наежите...

Младата пејачка и ќерка на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ секој ден е сѐ поуспешна, но и секој ден има сѐ повеќе обожаватели.

По последното видео кое го објави на својот Инстаграм профил, сигурни сме дека тој број драстично ќе скокне. Имено, видеото е направено за време на нејзиното гостување во новогодишната емисија кај нејзиниот пријател Стеван Радивојевиќ. 

Освен што открива интересни детали од својот приватен живот, Анастасија ја искористи оваа прилика и да ги покаже своите вокални способности. Една од песните кои ги испеа е еден од најпознатите хитови на Лепа Брена, „Пожели среќу другима“. 

Бројот на лајкови на видеото, како и коментарите само покажуваат дека корисниците на Инстаграм се воодушевени од нејзината изведба, а доколку уште ја немате слушнато верзијата на младата Ражнатовиќ на оваа балада, тоа може да го направите во продолжение.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: