Ќе се растопите: Марија Шерифовиќ на синот му даде прекар по ликот кој сите го обожувавме во детството
Поп ѕвездата Марија Шерифовиќ на почетокот на декември го доби синот Марио од сурогат мајка.
Марија неодамна пристигна од Америка со синот и мајка ѝ Верица Шерифовиќ, која и беше најголема поддршка во текот на целиот процес.
Марија објави на својот Инстаграм каде им се заблагодари на сите за поддршката и покажа како го заспива синот Марио со песна.
Марија и Марио живеат во луксузен стан, а таа сега објави блог на Јутјуб во кој може да се слушне дека Марија синот и го нарекува Супер Марио, како лик од популарната игра со истото име.
Да потсетиме, Марија на Инстаграм ја објави собата на нејзиниот син, каде веќе има украсена елката и која изгледа магично.
Во интервјуто што го даде за „Блиц“, Марија Шерифовиќ не сакаше да го открие точниот датум на враќање од Америка, велејќи дека „наскоро“ ќе го донесе синот во Белград.
Како што изјави Марија Шерифовиќ во првата изјава за „Блиц“, моментот кога го запознала синот не може да се спореди со ништо што доживеала досега.
- Долго се подготвував за тој момент, безброј пати во главата замислував како ќе изгледа... Ми кажаа и мајка ми и блиските пријатели, но тоа чувство е неописливо со зборови, нешто најпосебно... Изгледа за мене дека тие неколку минути од првиот допир траеја прекратко или предолго... Едноставно толку многу емоции што прават секое друго чувство да престане - изјави музичката ѕвезда.
Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs