Ќе ве расплаче: Џастин Бибер во емотивната балада „Lonely“ пее за мрачната страна на популарноста

Ќе ве расплаче: Џастин Бибер во емотивната балада „Lonely“ пее за мрачната страна на популарноста

Објавена во: Stars // Музика

Џастин Бибер заедно со менаџерот Скутер Браун уште во септември ја најави „новата ера“ и обожавателите веднаш претпоставуваа дека станува збор за нова музика. За среќа, дефинитивно во прашање е нова серија на синглови, па така прво го објави синглот „Holy“, во дует со Chance The Rapper, а пред неколку дена следуваше екстремно емотивната песна „Lonely“ која зборува за мрачната страна на сето она што со Џастин во текот на раната младост се соочи.

Имено, Џастин новата песна ја работеше со соработникот Бени Бланко, а како што гласи и насловот „Lonely“, веќе ви е јасно дека зборува за осаменоста на Џастин. Иако тој сега е во брак за кој тврди дека го прави среќен, деновите од раната младост ги помина со турбулентно однесување и напорен распоред. 

Се забавувал секој ден и заработувал многу пари, како што тврди во песната, парите не можеле да му го заменат друштвото и никој искрено не го разбирал, па затоа се чувствувал многу осамено. Кога ќе го слушнете делот „I'm so lonely“ и доколку се пронајдете, солзите сами ќе дојдат.


Песната очигледно е успешна и луѓето се поврзуваат со неа, бидејќи веќе има над 16 милиони прегледи. Во неа најверојатно може да се пронајдат и многу други познати личности, кои се богати и осамени.

Новите две песни, Џастин премиерно ги изведе во емисијата „Saturday Night Live“, а неговите настапи всушност добија огромна поддршка од обожавателите, бидејќи сите сметаат дека Џастин конечно го отвори своето срце и повторно ги стави искреноста и реалноста на прво место, по не толку успешниот албум „Changes“.


„Дури и визиелно се гледа староста која Џастин ја има за ваквите песни“, „Секогаш ќе бидат негов обожавател поради ова“ - се најчестите коментари на социјалните мрежи на неговите настапи. Какви се вашите впечатоци за новиот Џастин?


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: