Ќе ве разнежни: Тригодишно девојче – ѕвезда на ТикТок со слатка реакција по разговорот со омилениот лик од цртаните

Ќе ве разнежни: Тригодишно девојче – ѕвезда на ТикТок со слатка реакција по разговорот со омилениот лик од цртаните

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Детската смеа и радост ги топи срцата на сите, не само на нивните родители. Разговорот со 3-годишно дете може да биде многу забавен и смешен, а тоа е надополнето со неизвесноста што ќе каже следно, додека начинот на кој зборуваат малите деца е едноставно премногу сладок.

Затоа, повеќето родители се трудат да ги натераат своите малечки да дадат некои изјави и реакции, а понекогаш не успеваат да ги овековечат, да уживаат во нив дури и кога ќе поминат. Тато Зет успеа да ја сними својата ќерка во сладок момент и тоа го сподели на својот профил на ТикТок.

Малена Сејлор, 3-годишно девојче, е ѕвезда на ТикТок-от на татко ѝ, каде што ги следат околу 10 милиони следбеници. Сејлор ги обожава ликовите од цртаните филмови на Дизни, а тато го смислил најдобриот начин да извлече слатка реакција од неа.

Ја остави во собата со воки-токи, додека од другата соба го глуми нејзиниот омилен лик од Дизни. Нејзиниот ентузијазам го забележала камерата и тоа е најдобриот дел од целата приказна, бидејќи девочето ќе може сама да ги гледа тие моменти откако ќе порасне, а татко ѝ верува дека тоа ќе биде прекрасно искуство за неа. Во видеото погледнете ја нејзината преслатка реакција.

@zeth

I don’t know if we can top this reaction

original sound - Zeth


Фото и Видео: ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: