Ќе заборавите на пегла и фигаро: Потребно ви е само едно нешто за раскошни локни без да ја оштетите косата

Ќе заборавите на пегла и фигаро: Потребно ви е само едно нешто за раскошни локни без да ја оштетите косата

Објавена во: Мода // Moj стил

Совршените локни без употреба на фен и фигаро, како и топлина генерално, сепак се можни...

Доколку сѐ уште го немате пробано овој трик на сигурно не ви било здодевно изминатата година, со оглед на тоа што за оваа фризура ви е потребно малку повеќе време.

На социјалната мрежа ТикТок може да најдете безброј трикови како за шминка, така и за нега на кожата на лицето, а овој пат вирален стана трикот за совршени локни без употреба на апарати со топлина.

ТикТокерката Изабела Кејт сподели видео во кое само со помош на четка за коса прави совршени локни.

За раскошните локни уште мислиме дека ни е потребно барем фигаро или пегла за коса, а триковите на ТикТок често го демантираат ова.

Во видеото кое го сподели со своите следбеници може да видите како мокрите помали прамени коса ги мота околу рачката од четката, а потоа кога ќе дојде до темето го придржува праменот при коренот и лесно ја одвиткува четката во спротивна насока.

@isabellakatee

Who’s tried this yet?? #denmanbrush #hairhacks #heatlesscurls

original sound - Caramel Express

Нејзиното видео има повеќе од 24 милиони прегледи и корисниците останаа воодушевени, а многумина беа изненадени од техниката која успешно ја применува.

Меѓутоа, имаше и такви кои споделија и неколку проблеми кои ги имале со оваа техника на виткање на косата, вклучувајќи го и тој што оваа техника е тешко да се примени на потполно рамна коса.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: