Ќерче е благослов: Зимските авантури на Сара Мејс, Димитар и малата Илина

Ќерче е благослов: Зимските авантури на Сара Мејс, Димитар и малата Илина

Објавена во: Совети // Семејство

Зимските лудории во семејството на познатата македонска двојка започнаа со првиот снег во главниот град...

Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски веќе неколку години уживаат во хармоничниот брак, во кој ја добија ќерката Илина, а сега на пат е и нивното второ дете. На профилите на социјалните мрежи постојано споделуваат фотографии и видеа од нивниот приватен живот и на тој начин на своите следбеници им ја доближуваат нивната семејна идила.

Дека се љубители на здравиот начин на живот покажаа неколку пати - на пролет и во есен обожуваат да планинарат, на лето да уживаат во водените лудории, а зимата секако дека им е резервирана за места каде што има дебела снежна прекривка.

Со првиот снег што падна во Скопје, Димитар и Сара, открија дека со нивната ќерка Илина го направија најубавиот Снешко, откривајќи дека ова им е традиција, која ја почитуваат од првата година кога се родила Илина. 

Следна авантура, поврзана со снегот им беше првото самостојно пуштање со сноуборд на Илина, која иако има само три години, сето тоа го изведе како вистински професионалец.

Бидејќи, снегот во главниот град не беше доволен за ова сега за сега тричлено семејство, тие ги спакуваа куферите и заминаа на Златибор, Србија - едно од најпознатите туристички места во зима.

Од таму, мама Сара сподели неколку сториња со Илина, која е и повеќе од очигледно дека ужива во дебелата снежна покривка, и во сите зимски лудории кое едно дете може да ги замисли.

Освен сторињата, Сара првиот ден на Златибор го забележа и со неколку фотографии на профилот, на кои стави опис: „Ќерче е благослов“.



Р.Х.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: