Ќерка ни доби прва менструација на 10 години, а нејзиното тело драстично се промени: Градите ѝ тежат 30 килограми, не можеме да ѝ помогнеме

Ќерка ни доби прва менструација на 10 години, а нејзиното тело драстично се промени: Градите ѝ тежат 30 килограми, не можеме да ѝ помогнеме

Во март минатата година, ова десетгодишно дете влезе во пубертет. Менструација добила во март минатата година, а потоа телото започнало да ѝ се менува на таков начин што и лекарите биле во чудо. 

Клуеј Ранада од Филипините вели дека, од моментот кога ја добила првата менструација, забележала дека градите ѝ растат рапидно.

- Веќе во првите четири месеци беа како лубеници. Отидовме кај сите можни лекари и сите ми рекоа дека тоа мора да биде некаков хормонален дисбаланс и ми препишаа терапии - вели девојката.

Покрај хормонската терапија, таа добила, како што вели, и еден вид „план за детоксикација“ што треба да ја поправи нејзината состојба. Тоа не се случи и не помина многу време, а градите достигнале тежина од 30 килограми. Нејзините родители ја однеле во болница, но не можеле да си ги дозволат сите тестови што ги предложиле лекарите. На тој начин, таа не можела да дојде до точна дијагноза.

Мајката на Клуеј, Вики Атијенка (44), вели: „Направивме се што е во наша моќ и што нè советуваа лекарите, но нејзините гради не престанаа да растат. Кога конечно дојдовме до подобри експерти, се покажа дека не можеме да си ги дозволиме. Таа не може да функционира поради болките во грбот што ги трпи поради тежината. Не може да оди или да седи убаво. Не може да се облекува ниту во облека за нејзината возраст поради нејзините гради", вели Вики. 

Трошоците не се огромни, но за Вики и сопругот се незамисливи, нешто под £ 300.
Затоа родителите решија да се обратат до локалните медиуми.

– Се надевам дека луѓето ќе помогнат. Клуеј е паметна и добра девојка, посакувам да може да продолжи да биде дете - вели Вики.

А, лекарите веруваат дека Клуеј страда од гигантомастија, многу ретка состојба која се карактеризира со прекумерен раст на градите. Обично се јавува спонтано за време на пубертетот или бременоста, а може да се појави и поради земање на одредени лекови.

фото:Profimedia

Можеби ќе ве интересира: