Ќерката е копија на мајка ѝ, а синот е ист како татко му: Децата на познатиот актер и манекенка за првпат во јавност по неколку години (ФОТО)
Амерканскиот актер Метју Меконахи од 2012 година е во брак со бразилската манекенка Камила Алвеш, а двојката се вбројува во оние личности од јавната сцена кои ја чуваат својата приватност.
Поради тоа не откриваат премногу за својот семеен живот, во кој уживаат со трите деца - синовите Леви (14) и Ливингстон (10) и ќерката Вида (13).
Нивните деца никогаш не ги гледаме со родителите на црвените килими и обично успешно се кријат од папараците, но сега Леви и Вида решија со мајка им да се појават на еден важен моден настан. Тие им се придружија на мајка им на Модната недела во Париз, каде ја следеа ревијата на Стела Мекартни, на која беше претставена женската облека за есен и зима 2023 година.
Двете најстари деца на Метју и Камила во „Menege de l'Ecole Militaire“ пристигнаа во друштво на нивната мајка, а очигледно е дека овој дел од семејството одлучил да биде модно усогласен за оваа прилика, па така сите беа облечени во доминантно бела облека.
Камила игледаше прекрасно во белиот костим на Стела Мекартни, кој го сочинуваат длабоки панталони и сако, а на сето тоа додаде и црн топ и ефектен бел шишир.
Нејзината ќерка изгледаше прекрасно во белиот асиметричен фустан со рачно насликан портрет и кратките „UGG“ чизми, а денес најмногу се зборува за изгледот на најстарато дете на актерот и манекенката.
Леви на прв поглед сите ги потсети на својот познат татко, а се појави во кариран комплет и патики, над кој носеше бела тренди јакна со џебови.
Тинејџерот се одлучил за разбушавена фризура, а очигледно е дека ги има наследено препознатливи црти на лицето од татко му, поради што обожавателите на Метју му прогнозираат успешна кариера, ако реши да се занимава со моделинг или глума.
Инаку, Метју порано зборуваше за тоа како ги воспитува децата и посочи дека тој и Камила имаат едно многу важно правило.
„Во нашата куќа не е дозволено лажење. Не е дозволено да се изговара „не можам“ и потполно е забрането изговорувањето на зборот „омраза“. Поради тие зборови може да бидете во голема неволја во нашата куќа“ - раскажа тој.
Тој тогаш истакна и дека не сака неговите деца да се чувствуваат поинаку во однос на своите врсници, бидејќи тој е толку успешен, а исткана и дека децата мораат да знаат да живеат малку подобро затоа што тој поминува многу часови на работа.
„Постојано им нагласувам дека ако децата на училиште им велат: „Се кладам дека живеете во голема куќа, бдиејќи вашиот татко е познат“, да не ја креваат главата поради тоа. Ги советувам да ги погледнат во очи и да им кажат: „Да живееме во убава куќа. Нашиот татко навистина многу работи за да биде успешен“ - објасни актерот.
фото: Принтскрин / Инстаграм