Ќерката на Аџелина Џоли во фустан: Мајка ѝ со години тврдеше дека Шајло е момче зарoбeно во тело на девојче?
Анџелина Џоли дојде на премиерата на својот нов филм „Eternals“, а придружба ѝ беа децата Медокс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс.
Анџелина Џоли повторно почна да снима, а моментално го промовира својот нов филм „Eternals“ во кој ја игра улогата на Тена. Во тој стил се појави и на црвениот килим.
Облечена во светло кафен фустан, со богати набори, но отворено деколте и раце, Анџелина со помош на накитот сакаше да изгледа како воин и на црвениот килим.
фото: ProfimediaПридружба ѝ беа децата помеѓу кои најмногу се истакна Шајло, која за оваа прилика облече фустан?!
Ништо не би било чудно, доколку досега Анџелина не зборуваше дека Шајло е всушност момче зарабено во тело на девојче. До пред неколку години, Анџелина упорно ја облекуваше Шајло во машка облека и ја нарекуваше Џон?!
фото: ProfimediaИзгледа дека ситуацијата не е баш таква, бидејќи Шајло израсна во преубава деовјка, која на црвениот килим срамежливо стоеше покрај сестра ѝ Захара, држејќи ја цврсто за рака.
За оваа прилика облече фустан во иста боја како и нејзината мајка, со тенки прерамки, со бели балетанки, додека косата ѝ беше врзана во пунџа.
Срамежливо смешкајќи се, ја држеше сестра си за рака, како од неа да бара сила.
Се прашуваме, чија желба било Шајло да биде момче?
фото: Profimedia