Ќерката на Ана Николиќ тргна во градинка: Пејачката откри какви мисли сега ѝ се мотаат низ глава
Освен што се пофали, познатата мајка призна дека со задоволство би ѝ се придружила на наследничката...
Ана Николиќ се пофали со низа фотографии на Инстаграм дека нејзината ќерка тргнала во градинка. Пејачката нагласи дека е во прашање една од најдобрите установи за најмлади во Белград, а потоа призна дека со задоволство би ѝ се придружила на нејзината наследничка.
За потсетување, Ана ќерката Тара ја доби во бракот со Стефан Ѓуриќ Раста, кој не можеше да ѝ се придружи на поранешната сопруга на овој ден, бидејќи се наоѓа на издржување казна домашен притвор поради поседување на недозволиви супстанци.
„И, конечно, тргнуваме во најубавата и најдобра градинка во Белград... И многу сме возбудени“ - напиша Николиќ во една од објавите.
„Седам така нешто и се размислувам додека ја чекам Тара... Дали да се запишам и јас“ - ги насмеа следбениците, искористувајќи еден дел од својата позната песна.