Ќерката на Анџелина Џоли го украде вниманието на роденденот на мајка ѝ: Сите го коментираат нејзиниот нов изглед

Ќерката на Анџелина Џоли го украде вниманието на роденденот на мајка ѝ: Сите го коментираат нејзиниот нов изглед

Објавена во: Мода // Moj стил

Анџелина во друштво на своите шест деца во петокот вечер уживаше на вечера во еден ресторан во Лондон...

Едно од најзвучните имиња во Холивуд, актерката Анџелина Џоли, во петокот наполни 46 години и по тој повод, своите шест деца, 19 - годишниот Медокс, 17 - годишниот Пакс, 16 - годишната Захара, 15 - годишната Шајло и 12 - годишните близнаци Нокс и Вивијен ги однесе на вечера во еден познат ресторан во Лондон.

Иако славеничката блескаше во елегантен жолт фустна, вниманието и овој пат повторно го украде нејзината најстара биолошка ќерка, Шајло Џоли Пит.

Тинејџерката која ја интригира јавноста и медиумите од рани години, овој пат успеа да ја засени мајка си, како и браќата и сестрите со својот изглед. Имено, откако во јавноста се појавија фотографиите од семејната дружба, многумина забележаа дека Шајло пораснала преку ноќ.

„Па таа е висока како Енџи“, „Кога мајката би ги соблека високите потпетици, Шајло би била и повисока“, „Кога ова дете порасна толку“ - се само некои од коментарите. Исто така сите забележаа дека Шајло повторно ја пуштила косата, која до неодамна ја шишаше косата кратко.

Инаку, иако актерката се имаше скоцкано за роденденската прослава, нејзините деца се одлучиле за малку полежерни модни комбинации, а добрата атмосфера на семејното дружење не им го расипа ниту многубројните папараци, кои ги чекаа на влезот на ресторанот.

Исто така, ова е едно од ретките појавувања на целото семејство во последно време. Откако, најстариот Медокс замина на студии, Анџелина најчесто можеме да ја видиме во друштво на најмладите деца или на шопинг со ќерките.

фото: MACIEL/NGRE / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: