Ќерката на Антонио Бандерас и Мелани Грифит има 25 години и е природна убавица: Еве на кого повеќе личи

Ќерката на Антонио Бандерас и Мелани Грифит има 25 години и е природна убавица: Еве на кого повеќе личи

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Пред неколку дена на Неделата на висока мода во Париз, брендот Диор претстави нова колекција, а оваа спектакуларна ревија собра многу познати личности и љубители на модата. Но, посебно изненадување предизвика појавувањето на Стела Бандерас, ќерката на славните Антонио Бандерас и Мелани Грифит.

25-годишната девојка долго време ги избегнуваше рефлекторите, но сега се почесто може да се види на гламурозни забави и црвениот тепих, што не треба да не ‘ чуди со оглед на тоа дека има актерски амбиции исто како и нејзините познати родители.


Стела на ревијата на Диор пристигна во елегантно, впечатливо издание, избирајќи црвен комплет - блејзер и мини здолниште со длабок струк. Комбинацијата ја надополни со класична црнаролка и црни салонки со микро потпетица, а од деталите носеше само дискретно златно ланче и препознатлива чанта со потписот на Диор.

Инаку, младата актерка имаше многу дискретна шминка, нагласувајќи ги маслинесто зелените очи и природниот изглед. Интересно е што не личи особено на познатиот татко, тукумалку повеќе наликува на Мелани.

Инаку, познатиот актерски пар беше во брак од 1996 до 2015 година, а Стела е нивното единствено дете. Токму поради неа сè уште негуваат добри односи.


Оваа млада дама штотуку ги прави првите актерски чекори, па единствена улога ѝ е онаа од филмот „ Crazy in Alabama“ кога уште била дете. Но, затоа е искусна во манекенството - веќе била ѕвезда во неколку модни едиторијали на престижни списанија.


Фото: инстаграм

Фото насловна: Youtube - screenshoot - The Celebritist

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: