Ќерката на Бен Афлек и Џенифер Гарнер постојано носи маска: Конечно откри дека причината е болест со која се бори 4 години
Најстарата ќерка на Бен Афлек и Џенифер Гарнер, Виолет Афлек (18) често може да се види како се шета низ Лос Анџелес во друштво на познатите родители. Најчесто се гледа како го покрива лицето со маска, а сега откри и зошто е тоа така.
И додека сите совесно носевме маски за време на пандемијата, Виолет Афлек го продолжи тој обичај дури и по објавувањето на крајот на пандемијата. Таа носи маска и на отворените простори во градот, а започна и своја кампања за задолжителна употреба на маски во болниците.
Девојчето ги изнесе своите барања да носи маска пред Одборот на надзорници на округот Лос Анџелес, а започнала со свој пример, откривајќи дека и самата е болна.
„Се заразив со пост-вирусна болест во 2019 година. Сега сум добро, но од прва рака видов дека медицината не секогаш ги има одговорите за последиците дури и од безопасни вируси“, рече Виолет, додавајќи: „Повикувам на достапност на маски, филтрација на воздухот и далечни UVC светилки во државните објекти, вклучително и затвори и притворни центри, како и барања за маски во медицинските училишта во земјата“, вели Виолет, а пренесува Т - портал.
Активизмот на ќерката на популарна двојка е поттикнат од болест која главно го погодува респираторниот систем и предизвикува симптоми слични на настинки, болки во грлото или белите дробови, но може да влијае и на други органи. За да го зачува своето здравје, Виолет реши да носи маска секогаш кога е можно, а со својот говор се обиде да укаже на важноста да се носи маска и во затворен простор.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Извор: Kurir.rs