Ќерката на Џеј Ло не е единствената бунтовничка во семејството: Најголема поддршка на пејачката ѝ е третата сестра од чиј изглед се срамеше
Третата сестра на Џенифер Лопез исто така има трансродна ќерка, односно денес синот Брендан, а сите се убедени дека токму поради тоа сега е најголема поддршка на пејачкта која наводно и самата поминува низ сличната ситуација.
Веќе некое време се зборува дека ќерката на Џенифер Лопез е всушност трансродна.
Интернетот всушност за тоа зборува веќе неколку месеци, а приказната дополнително ја загреаја и папарацо фотките, како и промената на имиџот.
Ема и порано беше мета на ужасни коментари кои една 13-годишна девојка никако не би требало да ги добива, а причината е само тоа што не изгледа како нејзината позната мајка. Латино дивата исто така ја обвинуваа со зборовите дека со своите пресекси комбинации и однесување, својата ќерка ја направила дополнително несигурна.
фото: VASQUEZ / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIAВо последно време тие две не се разделуваат, а изворите тврдат дека иако Ема одамна ги надминала лошите коментари, со оглед на тоа дека поминува низ фаза во која се преиспитува, сите тие приказни сепак имаат влијание на неа.
Меѓутоа, во целата ситуација на Џеј Ло најголема поддршка ѝ е третата сестра, која речиси никогаш не се експонира во јавноста, а која и самата имаше слична приказна.
Conoce a Leslie Scholl, la hermana desconocida de #JenniferLopez @JLo https://t.co/6r42Et95XY pic.twitter.com/YNZGeGlRt7
— People En Español (@peopleenespanol) November 9, 2018
Имено, не е тајна дека пејачката отсекогаш ја поддржувала ЛГБТ+ заедницата, а како една од причините е тоа што и во своето семејство има членови кои се со поинаква сексуална определба.
Покрај тоа, ќерката на нејзината најстара сестра Лесли е трансродна и денес е Брендан, а Џеј Ло јавно го поддржа на својот Инстаграм профил.
„Ова е брендан, второто дете на мојата сестра Лесли. И тој беше оној кој го претставуваше своето училиште на #globalyoungleadersconference во Вашингтон. Не можам да бидам погорда. Брендан е силен, сакан и очигледно вистински лидер во семејството. Тетка Џен те сака“ - напиша пејачката на својот Инстаграм профил.
фото: Принтскрин/ИнстаграмПо ова, нејзината сестра неколку пати се појави и во медиумите, за да го поддржи својот син, но од тогаш се труди својот живот да го држи далеку од очите на јавноста.
фото: ANTHONY BEHAR / DDP USA / PROFIMEDIAИнаку, Џенифер неодамна ја обвинија дека се срами од Лесли, а причината за тоа е тоа што со неа, за разлика од сестрата Линда, нема заеднички фотографии на Инстаграм. Така под фотографијата на профилот на Линда од роденденската прослава на Лесли Лопез можеа да се прочитаат следните коментари:
„Не споделуваш фотографии со неа бидејќи се срамиш“, „Можеби не е убава како Џеј Ло, но има нешто вистински добро во очите“, „Ема е всушност иста како Лесли“, „Колку е мизерно што не сака грозната сестра да ѝ го расипе совршениот „feed“ на Инстаграм, мизерно“, „Дали е можно да си толку суетна“, „Сфативме, ти си ја собрала целата убавина во семејството Лопез, но и Лесли заслужува да биде видена“, „Зошто имам впечаток дека е поталентирана од Џенифер“, „Вака би изгледала Џеј Ло доколку не прави естетски корекции“.
фото: Принтскрин/ИнстаграмСега многумина се убедени дека сестрата од која наводно се срамела е всушност онаа која ќе ѝ помогне во процесот со ќерката Ема.
„Ако некој може да ѝ помогне со Ема и тоа по неа да помине побезболно, тоа е истата Лесли од која до вчера се срамеше“ - напиша еден од корисниците на „Редит“. Коментарите се редеа во сличен манир, но поголемиот дел се сложни дека „реалноста ја удрила Џеј Ло во глава и дека не треба да му го врти грбот на семејството“.
фото: DAVE ALLOCCA / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIAДали во овие приказни има вистина останува да видиме.