Ќерката на Џулија Робертс за првпат се појави во јавноста: Заблеска на црвениот килим, а сите мислат дека е идеален микс од родителите
На промоцијата на филмот во Кан се појави и камерманот Даниел Модер, инаку сопруг на Џулија Робертс. Наместо сопругата, друштво на црвениот килим му правеше ќерката Хазел.
На Канскиот фестивал, холивудскиот актер Шон Пен го претстави својот нов филм, „Flag Day“, а камерман на ова остварување беше Даниел Модер, кој се појави во друштво на својата ќерка.
Инаку, ова е прво официјално појавување на 16 - годишната Хазал, а мораме да признаеме дека многу брзо пораснала и може да се каже дека сега е вистинска тинејџерка.
Хазел за Канскиот фесивал се определи за едноставна комбинација, каква што одговара на девојка на нејзини години. Таа се одлучи за едноставен кошула - фустан во светло жолта боја, а ја искомбинира со лаковани црни чевли во стилот на Мери Џејн.
Беше инетересно да се види како изгледа ќерката на овие двајца успешни луѓе, а изгледа дека е совршен микс од своите родителите. Иако на прв поглед потсетува на татко ѝ, ставот и држењето на младата Хазел се одраз на нејзината мајка Џулија Робертс.
За потсетување, Даниел и Џулија неодамна прослави 19 години брак, а покрај Хазел имаат и два сина, Хенри и Финеус.
фото: Profimedia