Ќерката на Еминем е вистинска дама: На Инстаграм објави фотографија со момчето

Ќерката на Еминем е вистинска дама: На Инстаграм објави фотографија со момчето

Објавена во: Совети // Семејство

Познатиот рапер има веќе возрасна ќерка, Хејли Џејд Скот...

Светски познатиот рапер Еминем има веќе возрасна ќерка, Хејли Џејд Скот. Хејли има 25 години и има завршено психологија на Универзитетот во Мичиген. Дека е возрасна, докажа и со фотографијата која ја објави на Инстаграм и на која позира со своето момче, со кое е веќе 5 години во врска и кое Еминем го спомна во едно од интервјуата.

Хејли Џејд Скот на својот Инстаграм профил често споделува приватни фотографии - најчесто од себе, но понекогаш може да се најде и некоја фотка со момчето. Малку е да се каже дека ќерката на Еминен навистина порасна, а тоа го искоментира и самиот рапер: „Дефинитивно е лудо“ - пренесува „People“.

Освен коментарите за тоа колку Хејли е навистина порасната, го искоментира и нејзиното момче во едно од интервјуата кои ги даде во март минатата година: „Нема деца, само момче. Добро ѝ оди“ - додаде. Таа и нејзиното момче се заедно од 2016 година, а се знаат од факултет, каде и студирале заедно.

Хејли била одлична на факултет, имала одлични оценки поради што и Еминем се гордеел. Според фотографијата која ја објави на Инстаграм, таа и нејзиното момче, изгледаат како среќна, убава и хармонична двојка.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: