Ќерката на Хајди Клум ги загрижи луѓето со новите фотки: На 17 години се фотографираше без облека за познат магазин

Ќерката на Хајди Клум ги загрижи луѓето со новите фотки: На 17 години се фотографираше без облека за познат магазин

Објавена во: Мода // Moj стил

Некои се прашуваат дали ова е воопшто легално со оглед на тоа што е сè уште малолетна...

17 - годишната ќерка на светски познатиот модел Хајди Клум одлучи да оди по стапките на мајка ѝ и влезе во светот на моделингот. Лени уште сега ниже успеси, а со последниот малку ги загрижи луѓето, бидејќи еден магазин за својот едиторијал ја фотографираше само во сако под кое не носи ништо.

Лени Клум е добро позната во светот на моделингот, не само затоа што мајка ѝ е супермодел, туку и затоа што и самата во последно време постигна некои големи успеси. Оваа година за првпат се прошета на модната писта, позираше за германскиот „Вог“, беше дел од ревиите на познати модни брендови, но и позираше за неколку насловни страници. Сега имаше соработка и со магазинот „Rollacoaster“.

Освен што се појави на насловната, позираше и со уште неколку фотографии кои се најдоа во магазинот и една од нив е малку загрижувачка. Истата не би била доколку е во прашање некој повозрасен, но бидејќи Лени има само 17 години, многумина се прашуваат како е ова можно, да позира без облека.

Не е целосно гола, но сеедно, градите ги има прекриено само со рацете, што и понатаму открива многу работи. Луѓето во коментари се прашуваат дали ова е воопшто легално со оглед на тоа што таа е уште дете, бидејќи е малолетна. Поголемиот дел од корисниците на социјалните мрежи се сложија дека е премладата за волку секси фотки и дека магазинот би требало да внимава на тоа.

Лени е апсолутно прекрасна и фотографиите би биле навистина добри и без да ѝ биде соблечена облеката.

фото: leniklum / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: