Ќерката на Хајди Клум по стапките на мама: Уште на 16 години е вистински професионалец

Ќерката на Хајди Клум по стапките на мама: Уште на 16 години е вистински професионалец

Објавена во: Мода // Moj стил

Лени Клум, ќерката на германската манекенка Хајди Клум тргна по стапките на мама и сѐ повеќе ја бараат во светот на модата. Откако заблеска на насловната страница на германскиот „Вог“, имаше и снимање за магазинот „Hunger“...

16 - годишната девојка го имаше своето трето професионално снимање за познатото списание „Hunger“. Станува збор за црно - бели фотографии, а фотографирањето му припадна на познатиот фотограф Ранкин, кој прв со својот објектив ја улови Лени во прегратките на мајка си.

Лени снимањето го завршила како професионалец, иако само што влезе во светот на моделингот. Минатиот месец сјаеше на насловната страница на германскиот „Вог“.

„Лени Клум е име на кое што е подобро да се навикнеш дека ќе го слушаш“ - напиша магазинот „Hunger“.

Лени, присебноста и смиреноста пред камерите ги има наследнено од нејзината мајка.

И покрај тоа што штотуку се појави на модната сцена, Лени веќе може да се пофали со голем број обожаватели. Оваа тинејџерка ја следат повеќе од 590.000 следбеници на Инстаграм.

Биолошки татко на Ленин е познатиот италијански бизнисмен Флавио Бриаторе, но кога Хајди се омажи за музичарот Сил, тој ја посвои Лени.

Хајди исто така го пофали нејзиниот успех, пишува „Mirror“.


фото: Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: