Ќерката на Индира Кастратовиќ дипломираше во САД: Сара е преубава девојка, гордост на мама и тато(ФОТО)
Ќерката на Индира и Зоран Кастратовиќ, Сара, не отиде по стапките на своите родители кои се поранешни ракометари туку реши средното училиште да заврши во САД, каде што живееше со сестрата на Индира.
Откако дипломираше, одлучи во Америка да продолжи и со високо образование на факултет во Флорида.
- И токму така, дипломирав.
Овие изминати 3 години беа неверојатно патување. Благодарна сум за сите можности што ми беа дадени и искуствата што ги стекнав. - напиша Сара.
Сара сега дипломираше на „Nova Southeastern University“, а на овој значањен ден беа пристуни и нејзините родители.
- Тоа беше нејзина желба, трета и четврта година да ги заврши во Америка, а јас и Зоран сме тие кои можеме само да ја поддржиме. Не ја буцкавме, туку самата изрази желба да се обиде таму. Сега за сега одлично ѝ оди, сѐ е како што треба, таа е задоволна, па ќе видиме за понатаму. Мило ми е што живее со тетка ѝ, со мојата сестра која ѝ е исто така голема поддршка“, изјави пред две години Индира во интервју за „Женски магазин“.
Кастратовиќ ни раскажа дека нивната ќерка никогаш не ја влечел спортот, туку танцот. „ Сара од мала ја влечеше хип-хоп танцот. За ракомет никогаш не пројавила желба и ние не ја форсираме“, изјави Индира.