Ќерката на Ирена Спасовска е апсолвентка: Гордата мајка објави фотка од својата наследничка (ФОТО)

Ќерката на Ирена Спасовска е апсолвентка: Гордата мајка објави фотка од својата наследничка (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Ќерката на познатата фолкерка е апсолвентка...

Фолк пејачката Ирена Спасовска често споделува фотографии и видеа од приватниот живот со своите следбеници на социјалните мрежи. Овој пат таа сподели една среќна вест - дека нејзината ќерка Тамара е апсолвентка.

Покрај фотографија од својата ќерка, Ирена напиша емотивна посвета и јавно ѝ порача на својата ќерка да го следи својот сон.

„Ќерко моја единствена - среќна апсолвентска. Следи го својот сон.. тој ќе те одведе до смислата на твоето постоење“.


Инаку, Тамара е апсолвент за Универзитетот ФОН, каде студира мултимедија и графички дизајн. Многумина велат дека е копија на својата мајка, а за тоа доказ се нивните заеднички фотографии.

фото: Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: