Ќерката на Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не може да прави што ќе посака: Строгите правила се одамна утврдени

Ќерката на Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не може да прави што ќе посака: Строгите правила се одамна утврдени

Објавена во: Совети // Семејство

По многу успешната 2021 година, во која одржа прекрасен концерт во Белград, неколкуте многу успешни настапи, Јелена Томашевиќ ја сумираше годината, но и се потсети како во родниот Крагујевац го славела Божиќ во кругот на семејството, со сопругот Иван Босиљчиќ и ќерката Нина, а за овој празник се подготвува со посебна љубов.

„Ние некако повеќе се радуваме на Божиќ, но Новата година е тука од почетокот на нашето детство, самото украсување на елката, украсувањето, дали во домот или на улица, буди празнично расположение. Божиќ го славиме во традиционален дух, на литургија, тоа е голем настан за нас и нашите најмили“ - започна пејачката.

„Новата година секако е општа народна веселба, дали би работела на плоштад или на некое друго место, Иван и Нина секогаш се со мене, а доколку не работам тогаш сме со пријателите. Секако се слави и едното и другото. Задолжително одиме на литургија, а потоа лебчето што јас и Нина го меиме и ставаме паричка во него, гранче од дренка, а тука се и сите работи кои се по нашите обичаи. Тоа е најинтересниот дел од нашите обичаи“ - кажа Јелена,  а потоа раскажа колку сака да оди во манастири.

„Кога ќе влезам во некое светилиште се чувствувам смирено и сакам да поминам одредено време додека не почувствувам дека е доволно, но во таквите ситуации, изгледа дека никогаш не е доволно. Иван и јас посетуватувавме манастири и кога не бевме во брак, а сега кога и да ни дозволува времето, сакаме да одиме. Особено на Егина доживеавме едно преубаво искуство, пред две три години, таму бевме со моите родителите и тоа ќе го паметиме за цел живот. Тој благодет и убавина, што никогаш нема да се посомневаш во постоењето на Бога.“

Јелена и Иван прават сѐ за нивната ќерка Нина да расте здраво и имаат принципи во воспитувањето до кои се држат.

„Постојат некои работи до кои Иван и јас се држиме и согласуваме во потполност, а тоа е умереното користење на телефонот и интернетот и употребата на сето тоа, тоа го поставивме од старт и сега немаме проблем со тоа. Таа не е зависник од телефонот и многу ми е драго поради тоа. Наместо телефон, таа поминува многу време надвор со другите деца, се дружи, си игра, оди во музичко училиште и на спорт. Кога е дома знае да земе книга, што особено ме радува. Се надевам дека и во иднина ќе биде тој добар глас во нејзиното растење“ - кажа пејачката, а потоа додаде:

„Секако треба да се биде сестран, треба и да знае да ги користи и таблетите и телефоните, но не да го поминува целото слободно време на тоа. Некако и ние возрасните се трудиме да не поминуваме многу време на телефон, бидејќи тоа навистина брзо не освојува. Отвараш да видиш нешто на кратко и завршуваш на некој десети линк, кој не те ни интересира. Тоа е како круг од кој не можеш да излезеш. Треба да се освестиме и да сфатиме колку време поминуваме на социјалните мрежи, особено ние возрасните. 

Што се однесува до неа, се трудам да не се плашам, да не немам страв, да го прифатам времето во кое таа сега живее. Не е истото време во кое живеевме ние и ова денес. Брат ми и јас можевме да бидеме и по цел ден надвор, нашите воопшто не се грижеа за нас. Знаеја дека сме пред куќата со друштвото и дека си играме. Дома влегувавме да ручаме и по цел ден бевме надвор. Тогаш немаше ни интернет ни телефони, ништо. Ја пишуваш домашната, читаш нешто и по цел ден си надвор. Но, тоа не е исто врмее, не е тоа како кога ние бевме мали.

Во таа смисла, се трудам да бидам реална, да кажам, дека не е исто време, дека сѐ се промени. Ние сме внимателни, и повторно напоменувам дека не треба да бидеме премногу внимателни, да не бидете премногу оние кои обликуваат некои граници. Постојано се преиспитуваме и мислам дека сме навистина на добар пат. Се консултираме со другите луѓе, кои гледаме дека добро ги средиле совите животи и дека имаат добро воспитани деца и се трудиме да зборуваме со нив“ - кажа пејачката за „Блиц“.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: