Ќерката на Кајли Џенер е многу возбудена: Сторми Вебстер е пресреќа што ќе стане постара сестра
Викендов се потврдија тврдењата дека Кајли Џенер и Тревис Скот очекуваат уште едно дете. Додека сите се сомневаа во ова, мајката на Кајли, Кетлин Џенер откри дека е многу возбудена за новото внуче. Но, дефинитивно највозбудено е првото дете на Кајли, Сторми Вебстер, која ќе има четири гоидни кога следната година на свет ќе дојде новото бебе.
Малата тригодишна Сторми моментално се подготвува за една важна улога, а тоа е улогата на постара сестра. „Сторми е апсолутно свесна дека пристигнува уште едно бебе и е многу возбудена. Секогаш поставува прашања и сака да го допре стомакот на Кајли, преслатко е. Кајли секогаш сакаше да ѝ подари брат или сестра на Сторми. Сите во семејството се исто така возбудени и ѝ помагаат за да се подготви за овој голем чекор. Практично веќе е подготвена и го користи поранешното искуство“ - кажа изворот.
„Тревис и Кајли се пресреќни и едвај чекаат да го прошират семејството. Ја обожаваат Сторми и оваа вест навистина ги израдува. Двете семејства ги поддржуваат во сѐ, што им помага“ - откри друг извор.