Ќерката на Кејт и Вилијам стана ѕвезда на Интернет по божиќната честитка: Сите се изненадени од малата принцеза
На Инстаграм профилот на војводата и војвотката од Кембриџ се појави нова семејна фотографија. Фотографијата од принцот Вилијам, војвотката Кејт и нивните деца за четири дена има скоро 2 милиони лајкови.
Обожавателите на кралското семејство по неколку месеци ги видоа принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луис, а најголемо внимание украде токму малата принцеза.
Судејќи според коментарите на воодушевените следбеници на кралското семејство таа е главна ѕвезда на фотографијата.
„Шарлот е прекрасна, навистина е порасната“ , „Каква прекрасна фотографија, принцезата е толку убава“, „Се топам, принцезата Шарлот е преслатка“ - се дел од коментарите на воодушевените обожатели.
„Скоро секое утро избива голема кавга помеѓу Шарлот и Џорџ околу тоа која песна во тој момент треба да се пушти. И затоа морам да поставам правила во кои еден ден едниот бира, а следниот ден другиот. Значи, Џорџ добива свое право на избор, а потоа и Шарлот. Таква е желбата кога е музиката во прашање“ - кажа принцот Вилијам во серијата „Time to Walk“.
Освен тоа, принцот откри и која песна е најголем хит во нивниот дом.
„Една од песните кои децата моментално ја обожуваат е „Waka, Waka“ на Шакира. Тоа секако вклучува и мрдање со колковите. А, има и многу модни комбинации“ - посочи идниот англиски крал.
Исто така откри и дека Шарлот ја користи секоја прилика за да ги покаже своите танцувачки способности, бидејќи веќе некое време посетува часови по балет.
„Особено Шарлот трчи во кујната во своите фустани и работи за балет и сето тоа. Потполно се полудени со Луис кој ја следи наоколу, обидувајќи се да ги научи истите работи. Тоа е навистина среќен момент во кој децата едноставно уживаат во танцот, шегите и пеењето“ - кажа своевремено гордиот татко.
фото: Инстаграм/@dukeandduchessofcambridge