Ќерката на Кејт Мос прошета по модната писта: Британците ја нападнаа со страшни коментари за сметка на изгледот

Ќерката на Кејт Мос прошета по модната писта: Британците ја нападнаа со страшни коментари за сметка на изгледот

Објавена во: Совети // Семејство

Кејт Мос, еден од најдобрите супермодели во светото, вчера на Лондонската модна недела, конечно доби можност да биде онаа која се восхитува на моделот на пистата наместо таа да биде sвезда на истата.

Имено, Кејт беше многу горда, што може лесно да се заклучи од изразот на нејзиното лице, додека ја гледаше ќерка си Лила како шета по писта полна со самодоверба на модната ревија на дизајнерот Ричард Квин.

Очекувано - Кејт зазеде место во првиот ред на шоуто, и со насмевка ја гледаше Лила на работната задача во црвен комбинезон со голи рамења. 

Интересно е што Лила дебитираше на пистата на 18 години, исто како и Кејт во 1992 година, кога прошета на пролетната модна ревија на брендот Долче и Габана, а дали ќе има подеднакво брилијантна кариера како нејзината мајка - ќе покаже времето. 

Наводно, Мос е целосно фокусирана на кариерата и стилот на нејзината ќерка, и ги ставила во мирување својата работа и кариера со цел да му даде приоритет на пробивот на своето единствено дете на модната сцена. Инаку, Лила минатиот месец стана заштитно лице на новиот парфем „ Perfect“ со потпис на марката Марк Џејкобс.

Дебито на Лила Мос предизвика бурни реакции кај Британците, што не изненадува со оглед на тоа дека Кејт беше британска икона и една од најомилените членови на нивната шоу -бизнис сцена. Но, во коментарите на социјалните мрежи и портали има се‘, само не позитивни. 

„Нејзината ќерка навистина не е ништо посебно“, „Таа е просечна“, „Висока е само 165, како може да биде модел?“, „Се‘ што ви треба во животот се славни родители, ни талент, ни убавина, ни духовитост , ништо ... “,„ Лила дефинитивно не е материјал за модел, се‘ што има е славна мајка“,„ Извини, Кејт, но ќерка ти едноставно нема карактер или харизма, камерата не ја сака",„Може да се види дека Лила не е родена за да биде модел", ова се смао некои од коментарите на Британците.


Фото: Profimedia


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: