Ќерката на Кејт Винслет на 20 години го сними првиот филм: Талентот го наследила од мајка ѝ, но дали и изгледот?
Актерката, Миа ја доби од бракот со филмскиот режисер Тим Триплтон, а нејзината наследничка неодамна дебитираше во психолошкиот трилер „Shadows“...
Актерката Кејт Винслет ја запознавме и се вљубивме во неа преку филмот „Титаник“, а нејзиниот талент беше награден со Оскар за улогата во филмот „The Reader“. И додека нејзината кариера беше во подем, нејзиниот љубовен живот, од друга страна, веќе долго време беше на климави нозе.
Актерката од трите брака има три деца, а најстарата ќерка Миа, која ја доби од бракот со филмскиот режисер Тим Триплтон, сега тргна по стапките на познатата мајка.
Иако актерката со години го криеше тоа од папараците, тие неодамна успеаја да ги фотографираат за време на прошетка во Хемпшир на почетокот на овој месец.
Всушност, тоа е еден од ретките моменти во кој можеме да ги видиме актерката и ќерката заедно, но и добар повод за да дознаеме нешто повеќе за Миа, која израсна во млада жена.
Миа го привлече вниманието на папараците по своето актерско деби во филмот „Shadows“ на Карл Лаван, чија премиера беше во октомври минатата година. Тоа беше можност за јавноста да ја види својата ќерка Кејт Винслет за првпат откако беше бебе. Актерката, Миа ја доби во 2000 година, во бракот со Џим Треплтон, од кого се разведе една година подоцна.
Дебитантската улога на Миа совршено се вклопи во плановите. Во декември минатата година, таа за „Variety“ изјави дека не можела да поверува колкава среќа има кога добила улогата во „Shadows“, бидејќи тоа бил првиот филм за кој се појавила на аудиција. Станува збор за психолошки трилер кој премиерата ја имаше на Филмскиот фестивал во Рим, а сценариото е сместен во пост-апокалиптичен свет во кој луѓето треба да избегнуваат дневна светлина за да преживеат.
„Само што завршив училиште, се ослободив од пеколот со испитите, се чувствував возбудено, нервозно и всушност подготвена да започнам со аудиции, во надеж дека ќе ми се отворат можностите“ - беше искрена Миа.
Иако нејзината мајка е актерка од А-листа, Миа призна дека навистина не поминувала премногу време на филмски сетови додека растела.
„Одењето во сетови отсекогаш ми беше посебно задоволство. Тоа е сосема поинакво искуство кога ќе ти се случи, не само нешто што се гледа од време на време. Јас навистина разбирам зошто мама се обиде да ни покаже колку е напорна работа. Таа е во право! Но, јас уживам во секоја секунда“ - објасни 20-годишната актерка.
Кејт во јануари годинава изјави дека сè уште не го гледала „Shadows“ затоа што нејзината ќерка била прилично нервозна поради тоа што нејзиното семејство ја гледа во улога на актерка. Но, нема ништо против тоа Миа да ги следи нејзините стапки.
„Најголемата предност за Миа е тоа што таа не го носи моето презиме. Тие немаа идеја која е нејзината мајка“ - изјави Кејт за странските медиуми.
Многумина на социјалните мрежи коментираа дека ја препознаваат младата Кејт Винслет во Миа.
По разводот со таткото на Миа, Кејт беше во брак со режисерот Сем Мендез од 2003 до 2011 година, со кого го доби синот Џо. Своето најмало дете, седумгодишниот син Бер, го доби со сопругот Едвард Абел Смит, со кого се омажи во 2012 година.
фото: Profimedia