Ќерката на Курт Кобејн тргна по стапките на својот татко: Му ги прокоцка милионите и се навлече на дрога, сега го промени начинот на живот
Се повлече од јавниот живот и ретко објавува фотографии на својот профил...
Легендарниот музичарт Курт Кобејн, фронтменот на бендот „Нирвана“ изврши самоубиство во 1994 година, на само 27 години.
На него уште во средно училиште му била дијагностицирана клиничка депресија, а подоцна стана зависен и од алкохол и дрога.
„Курт знаеше да биде смешен и шармантен, а половина час подоцна да седи во ќошот и да биде молчелив и некуникативен“ - кажа продуцентот на албумот на „Нирвана“ од 1991 година.
Познато е дека Курт беше во љубов со Кортни Лав, со која ја доби ќерката Френсис Бин.
Исто како и Курт, и Кортни беше склона кон турбулентниот живот и старателството над Френсис беше доделено на нејзината баба Венди О'Конор и сестрата на Курт, Кимберли.
Кортни дури доби забрана да ѝ приоѓа на Френсис сѐ додека е малолетна. Оваа одлука следувала поради тоа што Кортни дури и во текот на бременоста користела недозволиви супстанци, а најмногу хероин.
Девојчето им било одземено на родителите кога имало само 2 недели, а мајката официјално го изгубила старателството над неа кога Френсис уште немала ни 13 години.
Сепак, кога стана полнолетна, Френсис ги наследи парите на својот татко, милионите кои тој ги заработи во текот на животот.
На сето тоа, та аи денес добива 100.000 долари месечно, благодарение на авторските права на својот покоен татко. Меѓутоа, своевремено призна дека живеела далеку од своите можност и дека „11 милиони долари фрлила во ветар“.
Исто како и своите родители и таа потклекнала пред пороците, дрогата и алкохолот. Сепак, како што кажа, во 2016 година одлучила да се насочи кон здравиот живот.
„Требаше да останам скоро без сѐ за да сфатам некои работи во животот. Додека не се отрезнив, не сфаќав дека колку пари и да имаш, ништо не е засекогаш“ - раскажа таа.
„Сѐ е потешко, бидејќи тие пари не сум ги заработила. Имам чувство дека тоа се пари на некој човек кој никогаш не сум го познавала, што е и вистина“ - беше искрена таа.
Френсис минатата година го прослави својот 30-ти роденден и денес живее повлечен живот, далеку од очите на јавноста.
фото: Принтскрин / Инстаграм