Ќерката на Лукас доби подарок вреден илјадници евра: Кога го видела се расплакала, а Соња го овековечи моментот (ВИДЕО)
Наследничката на пејачот Аца Лукас и Соња Вуксановиќ доби изненадување кое ја расплака...
Ќерката на Аца Лукас, Викторија Вуксановиќ има 10 години и обожува хиподроми, поради што сега доби коњ на подарок. Соња сето тоа го сними и објави на Инстаграм, додека малата Викторија плаче од среќа.
Инаку, коњот чини неколку илјади евра, а специјално за овој момент му ставиле и розова панделка.
Викторија на Аца Лукас му е четврто дете. Покрај неа ги има синовите Андреј и Лазар, како и ќерката Миљана, која му подари внука.
„Како што Викторија рате, сѐ повеќе се забележува нејзиниот карактер. Многу ми се допаѓа што е одговорна, тоа го наследила и од мене и од мајка ѝ, бидјеќи и двајцата сме перфекционисти. Сама навива аларм за на училиште, нема потреба никој да ја буди, ниту да ја потсетува на обврските кои ги има. Оди на јавање и многу е успешна во тоа. Таа е многу дисциплинирано дете“ - во една прилика ја пофали пејачот ќерката.
Лукас наскоро ќе стане дедо по втор пат. Неговата снаа, сопругата на синот Лазар е бремена, а двојката неодамна откри дека очекува момче.
фото: Принтскрин / Инстаграм