Ќерката на мегапопуларната ѕвезда ја откри семејната тајна на ТикТок: Ова го криеле од сите
Бидејќи тоа ТикТок видео стана вирално, Џенифер и Бил морале да поразговараат со свотие деца...
Познатата ријалити ѕвезда и инфлуенсерка, ѕвездата на реалното шоу „The Real Housewives of New Jersey“ неодамна помина низ, како се вели, „ужасен разговор со ќерка ѝ“ за кој се надева дека никогаш повеќе нема да мора да го води.
Џенифер Ејдин долго е во брак со екстетскиот хирург д-р Бил Ејдин, со кој ја има и 9-годишната ќерка Оливија. Оливија сега редовно е присутна на социјалните мрежи, а бидејќи е дете на познати родители, неминовно е да наидете на содржини кои се поврзани со нив. Така, малата Оливија имаше можност да прочита како нејзиниот татко ја измамил нејзината мајка.
„Таа приказна протече од еден блог и некој направил ТикТок видео за сѐ. Моето слатко девојче го видело тој ТикТок, кој најви „разоткривање на големите тајни за нас“. Стануваше збор за неверство кое се случи, а не очекував дека за тоа некогаш ќе зборувам со нашата ќерка“ - вели Џенифер за медиумите.
„Оливија веднаш почнала да пишува коментири во стилот „Тие се мои мајка и татко и ова не е точно“. Кога сите корисници почнале да ѝ ги објаснуваат валканите работи од нашиот живот, дојде да ми каже што се случува. Ми ги покажа тие коментарии ми кажа: „Види мамо, те бранам од овие луѓе кои лажат“. Ѝ кажав да ги избрише сите свои коментари, бидејќи сепак таа не е во право - Бил мене ме изневеруваше додека бев бремена со нашиот син Кристијан (10)“ - откри Џенифер и додаде:
„Смирено разговарав со неа, бидејќи децата ја примаат секоја информација која им ја соопштувате во склоп со вашето држење додека разговарате со нив. Затоа многу смирено ѝ кажав: „Слушај, тато направи лоша работа, но тоа не го прави лош татко. Кога ги сакаме луѓето, тогаш им ги простуваме грешките. Му простив и нашиот однос е во ред.“ Оливија не беше вознемирена, бидејќи јас смирено ѝ ја објаснив ситуацијата.“
Бидејќи тоа ТикТок видео стана вирално, Џенифер и Бил поразговарале со своите деца - синот Џастин (17), ќерката Габриела (14), Џејкоб (12) и Кристијан (10).
„Мојот сопруг зборуваше со Џастин кој бурно реагираше и му кажа дека повеќе не сака да зборува со него. Габриела е скршена и се чувствува предадено. Двата најмлади сина не се потресоа толку. Работата е во тоа што јас никогаш не сум го кажала тоа - ниту на родителите, ниту на пријателките, ниту на својата сестра, ниту на најдобрата пријателка, а сега сите знаат, вклучувајќи ги и нашите деца“ - вели таа.
фото: Принтскрин