Ќерката на Мик Џегер ја има наследено дивата страна на татко ѝ: Убавата Џорџија го привлекува вниманието со својот изглед

Ќерката на Мик Џегер ја има наследено дивата страна на татко ѝ: Убавата Џорџија го привлекува вниманието со својот изглед

Објавена во: Совети // Семејство

Џорџија Меј Џегер може да се пофали со полните усни на татко ѝ, но ја има наследено и неговата љубов кон добрата музика и забава...

Ќерката на фронтменот на „The Rolling Stones“, Мик Џегер и поранешниот супермодел Џери Хол, Џорџија Меј Џегер тргна по стапките на мајка ѝ и израсна во убавица како неа, а може да се пофали и со полните усни на татко ѝ, но од него ја има наследено и дивата страна.

Зад неа се луди денови со забавување со други познати модели како Кара Делавин и Суки Вотерхаус, но во последните години таа некако се смири, најмногу благодарение на своето момче Луис Леви, сопственик на ресторан, со кој пред две години се пресели во Њујорк.

Џорџија оваа недела го крадеше вниманието на плажата во Малибу, каде снимаше модна кампања во неонско жолт костим за капење, кој ја нагласи нејзината витка фигура.

Инаку Џорџија е една од седумте деца кои легендарниот рокер ги доби со четири различни жени и е многу помлада од своите најстари сестри.

фото: PROFIMEDIA

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: