Ќерката на Моника Белучи го освои светот со својата убавина: На ревијата на Диор сите погледи беа вперени во неа

Ќерката на Моника Белучи го освои светот со својата убавина: На ревијата на Диор сите погледи беа вперени во неа

Објавена во: Мода // Moj стил

Ќерката на Моника Белучи, Дева Касел вчера беше ѕвезда на ревијата на Диор која се одржуваше на модната недела во Париз...

Некогашната двојка, Моника Белучи и Венсан Касен, во бракот добија две ќерки - постарата Деца веќе успешно се занимава со манекенство и младата Леони која денес има 13 години.

Од вчера медиумите не престанаа да пишуваат за постарата ќерка на Моника Белучи, која освојува со својата убавина каде и да се појави, а вниманието го украде и на модната недела во Париз каде беше една од најубаво облечените присутни гости на ревијата на Диор.

фото: LAURENT LAURENT VU / SIPA PRESS / PROFIMEDIA

Дева се појави во елегантен тегет корсет и широки панталони во иста боја, додека во раце носеше и блејзер во истата боја. Монохроматското и едноставно издание дополнително ја нагласи нејзината младешка убавина.

На сите веќе им е јасно дека Дева ја има наследено волшебната убавина од нејзината мајка, Моника Белучи, иако претходно коментираа дека црнокосата убавица со нејзината долга коса, затегнатиот нос и овалното лице се несомнено победничката комбинација за нејзината манекенска кариера, која судејќи по сè се движи по нагорна линија.

фото: VEEREN RAMSAMY-CHRISTOPHE CLOVIS / BESTIMAGE / PROFIMEDIA

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: