Ќерката на најпознатиот прељубник ја скрати долгата, кафена коса: Никој не ја препозна на Канскиот фестивал
Ќерката на актерот Џуд Лоу, Ирис Лоу на црвениот килим во Кан се појави во потполно поинакво светло. Својата долга кафена коса по која беше препознатлива ја скратила и сега е руса.
20 - годишната Ирис Лоу е едно од шесте деца на познатиот прељубник Џуд Лоу (48), но и манекенка во подем оваа недела се појави во Кан за токму таму да го покаже својот нов стил.
Својата препознатлива кафена коса сега ја исфарба во руса и ја скрати до последниот сантиметар.
На црвениот килим на филмскиот фестивал се појави во долг бел фустан, а елеганцијата ја нагласи со обетки и високи потпетици, украсени со циркони.
фото: CHRIS ASHFORD / CAMERAPRESS / PROFIMEDIA
Инаку, Ирис е едно од трите деца кои познатиот актер ги доби со поранешната сопруга, актерката Сејди Фрост (55), со која беше во брак од 1997 до 2003 година. Поранешниот сопружници ја имаат неа, како и синовите Рафа (24) и Руди (18), кои исто така се занимаваат со глума.
Ирис своевремено откри како е да се биде ќерка на познати актери.
„Мојот татко навистина бил млад. Тој и мајка ми добиле три деца до 30 - тата, а често ги прашував зошто брзале со сѐ“ - кажа манекенката и додаде дека нејзините родители отсекогаш биле обични и немала ништо поинакво од своите пријатели од училиште.
Лоу минатата година го доби шестото дете со 14 години помладата сопруга Филипа Коан. Беше во врска со Сијена Милер, која ја измами со дадилката, а потоа ѝ направи дете на келнерката Саманта Бурк. Ќерката Ада ја доби во кратката врска со кантавторката Кентрин Гердинг.
Манекенката е многу активна на Инстаграм и често споделува атрактивни фотографии, но и со момчето Џирел Робертс, со кој е во врска повеќе од две години. На оваа социјална мрежа ја следат 440.000 луѓе.
Нема сомнеж дека пред младата Ирис е блескава иднина, кога станува збор за манекенството. Имено, таа досега работела со познати брендови, како што се Диор, Булгари, Фенди, Миу Миу и многу други.
фото: JACOVIDES-BORDE-MOREAU / BESTIMAGE / PROFIMEDI