Ќерката на познатата актерка израсна во вистинска убавица: Толку личи на мајка си што е невозможно да не ја препознате

Ќерката на познатата актерка израсна во вистинска убавица: Толку личи на мајка си што е невозможно да не ја препознате

Објавена во: Совети // Семејство

Гвинет ретко споделува фотографии од своите деца на социјалните мрежи, но роденденот на нејзината ќерка беше повод да направи исклучок...

Гвинет Палтроу пред неколку месеци на Инстаграм сподели фотографија од својата ќерка Епл која во мај го прослави својот 17 роденден, а обожавателите беа изненадени колку актерката и нејзината наследничка си личат.

Познатата холивудска актерка објави фотографија од убавата тинејџерка додека ужива на сонце на едно егзотично летувалиште, а не изостана ниту емотивната роденденска честитка, пишува „Wanted“.

„Дали е можно? Веќе имаш 17 години? Мое слатко девојче... Ти си мојот живот? Секој ден ме смееш толку што стомакот ме боли од смеење. Ти си брилијантна и многу вредна. Ти до срж си она што навистина го почитувам и се воодушевувам на тоа. Би сакала да имав макар една ронка од самоприфаќањето кое го имаш сега ти, кога бев на твои години. Се сеќавам на моментот кога дојде на светот толку јасно, не можам да верувам дека тоа беше пред 17 години. Среќен роденден, мој ангелу“ - напиша тогаш познатата актерка.

Гвинет ретко споделува фотографии од своите деца на социјалните мрежи, но колку Епл е постара, толку почесто се појавува во јавноста, па и на Инстаграм профилот на својата мајка. Коментарите дека личат како јајце на јајце се скоро па секојдневни, а навистина е невозможно да не забележите дека имаат иста боја на коса, иста насмевка и ист облик на лцието.

Исто така, холувдската актерка е и многу младолика, па таа и Епл можеле да поминат и како сестри. А, тие две се однесуваат и така - имаат близок однос и често си позајмуваат и облека. 


„Епл редовно зема облека од мојот плакар. Иако и јас ѝ земав дуксер пред две недели. Значи, тоа е фер. Но, таа навистина ги сака моите маици и моите чевли. Особено чевлите“ - неодамна откри Гвинет.

Инаку, Гвинет, ќерката Епл, но и синот Мозес ги доби со Крис Мартин, фронтменот на бендот Coldplay, а двојката беше во брак од 2003 до 2016 година. И ден денес се во добри пријателски односи, а повремено и летуваат заедно.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: