Ќерката на познатата актерка признава: Не сум разговарала со мајка ми веќе три години

Ќерката на познатата актерка признава: Не сум разговарала со мајка ми веќе три години

Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис, 26-годишната Телула Вилис, неодамна откри дека не разговарала со својата мајка веќе три години, но дека за среќа тие се во подобри односи деновиве.

Деми и Телула беа во карантин деновиве, заедно со остатокот од семејството во домот на Деми во Ајдахо. Во објава што неодамна ја објави на својот профил на Инстаграм, таа откри дека двете не биле во толку добри односи.

За Денот на мајката, Телула објави фотографија со нејзината мајка и напиша дека не разговарала со неа скоро три години и дека е многу тажна секој пат на денот на мајката.

„Се чувствував тажно секој пат кога слушав радио реклама за купување парфеми за тој празник. Тоа беше мојата болка. Но, мојата приказна се смени. Преку метаморфозата на внатрешното саморазмислување и можноста за прошка. Сега уживам во сè што си Деми, и сè што продолжува да ме учиш. Те сакам “, напиша ќерката на славната актеркса двојка, меѓу другото.

Покрај Телула, Деми и Брус од бракот кој траеше од 1987 до 2000 година, имаат уште две ќерки, 31-годишната Румер и 28-годишната Скаут.


извор: krstarica


Можеби ќе ве интересира: