Ќерката на Селма Хајек порасна: Со години ја криеше, а сега му покажа на светот како изгледа

Ќерката на Селма Хајек порасна: Со години ја криеше, а сега му покажа на светот како изгледа

Објавена во: Совети // Семејство

Холивудската актерка Селма Хајек е активна на социјалните мрежи и често со публиката споделува бројни детали од приватниот живот, но сепак еден дел од својата интима љубоморно ја чува само за себе!

Имено, прославената Мексиканка скоро никогаш не објавува фотографии од своето дете - ќерката Валентина, со цел да ја заштити од животот под светлата на рефлекторите и притисокот на јавноста.

Затоа е големо изненадување новата фотографија која ја објави на Инстаграм, а на која позира со својата тинејџерка. На фотографијата мајката и ќерката се држат за раце и се гледаат во очи, додека во позадина се гледа прекрасното зајдисонце. Убавиот, емотивен момент јасно ја покажува силата на родителската љубов.

„Моја драга девојко, ти си ми сè. Благословен нека е денот кога влезе во мојот живот да блеснеш со твојата светлина. Среќен роденден, Валетина! Ти благодарам што ти си ТИ!“ - ѝ напиша Хајек на ќерката по повод 14-от роденден.

Но, ниту на оваа фотографија не се гледа јасно ликот на Валентина, но затоа постојат неколку папарацо фотографии на кои можеме да ја видиме. Иако се многу ретки, доволни се за да забележиме дека оваа 14-годишна девојка е совршен микс од своите родители и дека ја има наследено егзотичната убавина на мајка ѝ.



Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: