Ќерката на Силвестер Сталоне е вистинска убавица: На телото ѝ завидуваат многу девојки
Ќерката на Силвестер Сталоне, Систин Сталоне е фотографирана на плажа со пријателите, откако неколку месеци помина во карантин со својот познат татко, мајката Џенифер Флавин и сестрите Софија и Скарлет.
Имено, може младата убавица, која уште пред неколку години тргна по стапките на тато и започна да се занимава со глума, оваа недела уживаше со пријателите на Малибу, каде ја покажа својата витка линија и спортски способности.
Таа се сончаше во бел топ и сиви шорцеви, а во таа прилика го покажа презгодното тело и цело време беше насмеана и добро расположена.
Наскоро младата актерка треба да продолжи со снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“ во кој глуми со колешката Меган Фокс и познатиот Брус Вилис, а паузата од снимањето ја направија поради пандемијата на коронавирусот.