Ќерката на Синди Крафорд која го освои светот на модата жали поради едно нешто: Никој никогаш не смее да го прави
Фото насловна: Profimedia
Ќерката на славниот супермодел од
деведесеттите се одлучи за експеримент со фризура кој помина неславно
Каија Гербер (19), ќерката на славниот супермодел Синди Крафорд (55), тргна по стапките на нејзината мајка и е голема надеж на модните писти.
Многумина и предвидуваат успешна манекенска кариера. На 18 години позираше гола за насловната страница на „Вог“. Таа брзо ги освои престижните модни куќи, па не е изненадувачки што стана муза на француската модна куќа „Селин“.
Таа неодамна блескаше во модната кампања „Келвин Клајн“. Нејзин заштитен знак е костенлива коса, и негува претежно кратка боб фризура. Меѓутоа, за време на карантинот, како и многумина, таа сама експериментираше дома со тоа што самата беше фризер.
Таа ја осветли косата, но очигледно незадоволна од тоа како излегло, ги советуваше своите следбеници на Инстаграм да не ја повторуваат својата грешка.
„За време на карантинот, имав одлична идеја да ја осветлам косата со помош на хидроген, што навистина никој не смее да го стори. Сепак, не можев да одолеам, па пробав. Седев на сонце некое време и резултатот беше таков што јас имав „убави“ портокалови ленти на главата“, се присетува младата манекенка.
Каија вели дека тогаш решила целата коса да ја обои во розова боја, затоа што секогаш сакала.
„Розовата коса отсекогаш била мојот сон и се осмелив да ја пробам. Сега се вративме во мојата природна боја и сега сум најзадоволна“, рече ќерката на една од најуспешните модели во светот.
Фото: Инстаграм/kaiagerber