Ќерката на Вил Смит за првпат се огласи за инцидентот на доделувањето на Оскарите: Присилени сме да делуваме на начин кој не е здрав и чесен

Ќерката на Вил Смит за првпат се огласи за инцидентот на доделувањето на Оскарите: Присилени сме да делуваме на начин кој не е здрав и чесен

Објавена во: Совети // Семејство

Вилоу Смит откри што мисли за физичкиот напад на нејзиниот татко Вил Смит врз Крис Рок на овогодинешното доделување на Оскарите.

Ќерката на популарниот актер Вил Смит, 21-годишната Вилоу за „Billboard“ го искоментира инцидентот кој се случи на доделувањето на Оскарите помеѓу нејзиниот татко и комичарот Крис Рок.

Имено, Вил за време на свеченоста се качи на сцената и му удри шлаканица на Рок, откако комичарот се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит. За помалку од еден час, Смит освои Оскар за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“.

Вилоу искрено кажа што мисли за тоа.

„Целото свое семејство го гледам како луѓе. Ги сакам и прифаќам во нивната човечност. Поради положбата во која се наоѓаме, нашата човечност понекогаш не е прифатена и присилени сме да делуваме на начин кој не е здрав и чесен“.

Раскажа и дека тоа не ја допрело личност, но ги вознемирило нејзините внатрешни зли демони.

За потсетување, Вил му се извини на комичарот поради шлаканицата која му ја удри на овогодинешното доделување на Оскарите.

Го направи тоа јавно, во видео кое го објави на својот профил на Инстаграм, а откри и дека веќе порано му се јавил на Рок, но дека од него не го добил одговорот на кој се надевал.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: