Ќерката на Здравко Чолиќ сподели семејни фотографии: Со емотивна објава му го честиташе роденденот
Со овој потег наследничката на Здравко ги воодушеви следбениците...
Музичката ѕвезда Здравко Чолиќ вчера наполни 70 години, а неговата ќерка Уна Чолиќ со сите сподели фотографии од минатото, со кои ги воодушеви неговите многубројни обожаватели.
Тој секогаш се труди својот живот да го сокрие од јавноста, но Уна сега сепак покажа дел од нивното минато.
Имено, наследничката на Здравко покажа фотографии од приватната архива, кои јавноста досега немала можност да ги види, а на нив гледаме среќни семејни моменти.
„На најдобриот татко на светот нека му е најсреќен роденденот“ - напиша Уна во описот на фотографиите за кои се зборува, а потоа додаде: „Те сакам најмногу на светот“.