Ќерката на Зоран Заев денес полни 22 години: Роденденот јавно ѝ го честитаа најблиските членови на семејството (ФОТО)

Ќерката на Зоран Заев денес полни 22 години: Роденденот јавно ѝ го честитаа најблиските членови на семејството (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Ќерката на поранешниот премиер Зоран Заев денес слави роденден...

Наследничката на поранешниот премиер Зоран Заев, Александра Заева не е многу активна на социјалните мрежи. Но, во оние моменти кога ќе се одлучи да сподели нешто со своите нешто повеќе од 28.000 следбеници, тоа често се фотографии од нејзините патувања ширум светот.

На нејзиниот профил на Инстаграм може да погледнете каде сѐ има прошетано - Грција, Италија, Малта, Австрија се само дел од државите кои ги посетила, а понекогаш како во случајов знае да направи исклучок и да сподели некои приватни фотографии.

Овој пат, причината за тоа е нејзиниот роденден, а на нејзиниот профил во рамките на опцијата стори, може да погледнете многу досега необјавени фотографии со кои нејзиното семејство и пријатели ѝ го честитале роденденот.

Прва на листата беше нејзината братучетка Ева Заева, која сподели фотографија од славеничката, која е направена додека ги дува роденденските свеќички.

Следен во низата е нејзиниот брат Душко, кој на својата постара сестра ѝ го честиташе роденденот со фотографија од нивното рано детство.

Иако нејзиниот татко, уште не се огласи, тоа го направи нејзината мајка. Имено, Зораца Заева сподели селфи со својата ќерка, кое очигледно е направено за време на едно од нивните заеднички патувања.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: