Ќерките на кралицата Летиција го наследија вкусот за стил од неа: Одлични комбинации за тинејџерки

Ќерките на кралицата Летиција го наследија вкусот за стил од неа: Одлични комбинации за тинејџерки

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Церемонијата на доделувањето на наградите „Принцеза од Ѓирона“ се одржа во Барселона. Шпанската принцеза Леонор, ќерката на кралицата Летиција и кралот Фелипе Шести, ја носи титулата почесен претседател на организацијата и оваа година таа лично ги додели наградите.

„Принцезата од Ѓирона“ е приватна организација основана во 2009 година. Го поддржува професионалниот и личен развој на младите во Шпанија и, меѓу другото, започнува бројни програми што го поттикнуваат вработувањето на младите. 

Принцезата Леонор е наследничка на круната и идна кралица на Шпанија, поради што сè повеќе учествува во службените должности на нејзините родители, заедно со нејзината сестра Софија. 

Во пресрет на доделувањето, кралскиот пар и принцезите се сретнаа и со поранешните добитници на наградите, а потоа се упатија кон церемонијата. Исто како кралицата Летиција, принцезите носеа различни комбинации на облека за овие два наврати, а корисниците на социјалните мрежи позитивно го коментираа нивниот стил. 

Шпанските принцези секогаш се облечени соодветно на нивната возраст и нивната мајка не форсира премногу сериозни и строги комбинации за нејзините ќерки. Многумина коментираа како војвотката и војводата од Кембриџ треба да земаат пример од неа.

За своето прво појавување, кралицата Летиција носеше прекрасен светло виолетова фустан со миди должина украсен со кристали и едноставен ремен што дополнително ја истакна нејзината тенка половина. Носеше златни сандали со тенки ремени на високи потпетици. 

За второто појавување, кралицата Летиција избра женствен тегет фустан и беж салонки со висoки потпетици. 

Принцезите Софија и Леонор се појавија во романтични фустани во сини нијанси кои совршено одговараат на нивната возраст. 

Дали ви се допаѓаат модните комбинации на дамите од шпанскиот кралски двор?


Фото: Profimedia

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: