Клои Кардашијан стави крај на озборувањата: Пред камерите призна дека имала операција на носот
Таа во 2018 година кажа дека ѝ е страв од операции...
По повеќегодишните обвинувања на сметка на нејзиниот физички изглед, Клои Кардашијан реши да им стави крај на озборувањата и да ја каже вистината.
Ѕвездата на реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“ цел живот се бори со предрасуди кога е нејзиниот физички изглед во прашање. Од константното споредување со сестрите, до прекарот „дебела сестра“, сево ова прилично влијаеше на нејзиното психичко здравје.
Поради тоа што најмногу се зборуваше за нејзиниот физички изглед, таа најмногу и го менуваше. Последните години беше очигледно дека Клои имала козметички зафати, а критичарите ја осудуваа поради нереалните стандарди за убавина кои ги пропагира, особено откако во јавноста се појави необработена фотографија од неа, која набрзо беше избришана.
Во емисијата емитувана по завршувањето на шоуто, таа кажа дека нејзините сестри секогаш биле во подобра позиција од неа, икслучиво поради изгледот, а потоа се насочи и на лажните приказни кои кружат за неа.
„Сите постојано зборуваат дека сум имала трета трансплатација на лицето. Вистина е дека имав само една операција на носот. Сите ме прашуваат зошто не зборувам за тоа. Никој никогаш не ме праша. Ти си првата личност што ме праша за време на интервју“ - му кажа таа на водителот Енди Коен.
Иако не кажа кога била на операција, познато е дека во 2018 година на еден обожавател му кажа дека премногу се плаши од операции, поради што само го контурира носот. Клои призна дека имала некои „инјекции“, но не и ботокс, поради тоа што не реагира добро на неа.