Клучни прашања: Може ли да се забремени за време на менструација?
Имате момче или девојка, се сакате и сакате интимни односи.
Сепак, не сакате да зажалите за тоа, како што е на пример несаканата бременост?
Мислите дека сте повеќе или помалку информирани за методите за заштита од сексуално преносливите болести и несакана бременост, но има некои прашања што ве вознемируваат, нешто што сте го слушнале и не сте сигурни дали е вистина.
Еве неколку такви прашања во врска со можноста за забременување, како и одговори за истите:
# Дали девојчето може да забремени ако сè уште немала менструација?
Не е невозможно. Можеби во тоа време првата јајце клетна на девојчето започнала да созрева - и таа може да се оплоди. Ако девојчето е доволно возрасно за да има сексуален однос (т.е. ако има 14 години или повеќе),
ситуацијaта со првата јајце клетка која туку што созрева воопшто не е неверојатна.
# Дали девојчето може да забремени ако и двајцата се облечени и тој свршил?
Не може, бидејќи спермата не поминува низ текстил. Сепак, девојчето може да забремени дури и без да има сексуални односи ако двајцата партнери се голи, бидејќи спермата е многу подвижна. Најопасно во таа смисла е допирање на интимните делови на девојче со прсти на кои има сперма.
# Дали девојчето може да забремени за време на менструацијата?
Да. Ова е дури и особено лесно за тинејџерките, бидејќи нивните менструални циклуси се неправилни, така што новата јајце клетка може да созрее многу брзо - а, спермата во телото на девојчето може да преживее неколку дена.
# Ако момчето го извлече пенисот пред оргазмот, може ли девојчето да забремени?
Да. За време на сексуалниот однос се лачи одредена количина сперматозоиди, а една сперма е доволна за оплодување на јајце-клетка.
# Ако девојче проголта сперма за време на орален секс, дали може да забремени?
Не. Спермата потоа стигнува до стомакот и не може да се оплоди. Не можете да забремените од орален секс, но можно е пренесување на сексуално преносливи болести.
# Ако момче и девојче се во када полна со вода, уживаат во галење и тој сврши, може ли девојчето да забремени?
Таквите приказни припаѓаат на урбаните легенди отколку на реалноста. Во принцип, спермата умира во контакт со вода, па шансите девојчето да забремени на овој начин се навистина минимални.
# Дали кондомот навистина 100% штити од бременост?
Не. Со правилна употреба, кондомот штити од бременост и сексуално преносливи болести во деведесетина проценти од случаите. Можете случајно да го оштетите кондомот со вашите нокти, може да се скине, а можеби и нема да забележите дека тој е исечен. Ако се заштитите од бременост само со кондом, треба да обрнете внимание на сите овие работи. Се смета дека најсигурна заштита е доколку се комбинираат таблетите за контрацепција и кондомот.
Можеби ќе ве интересира:
Ситници кои се многу важни: Работи за сексот кои никој нема да ви ги каже ако сте тинејџер