Книга на денот: „Тука сум, но не ме гледаш“ од Мерилин Кеј
Трејси Девон беше толку многу навикната да се чувствува невидлива што еден ден таа едноставно...исчезна. Таа сè уште може да станува невидлива, но почнува да сфаќа како нејзината дарба има предности после сè. И сега кога учениците од класот на Надарените се во опасност, од Трејси се очекува да дознае кој ја изневерува нивната доверба.
Трејси поседува тајна. Таа е надарена. И не е единствена..