Кога била мала мајка ѝ ѝ го уништила лицето: „Сакаше да ми ги отстрани вошките, ама сѐ тргна по зло“

Кога била мала мајка ѝ ѝ го уништила лицето: „Сакаше да ми ги отстрани вошките, ама сѐ тргна по зло“

Објавена во: Совети // Семејство

Черити поминала неколку месеци во индуцирана кома и добила изгореници од трет степен на поголемиот дел од телото, откако рецептот на нејзината баба, против вошките тргнал наопаку.

Речиси секое дете добива вошки во одреден период од животот, но откако традиционалните третмани не биле ефективни за Черити Сатер (21), нејзината мајка Флинт решила да испроба друга, драстична метода - со катастрофални последици, пишува „The Sun“.

Кога Черити имала четири години, нејзината мајка истурила бензин врз нејзината глава во очајнички обид да ги убие паразитите.

- Мајка ми беше очајна. Не можевме да си дозволиме да трошиме пари за скапи препарати и таа не знаеше што да прави. Бензинот беше идеја на баба ми - рекла девојката.

Нејзината мајка се сетила дека вошките ги искоренила на таков начин од неа кога била мала, па жената мислела дека е време и за овој екстремен метод.

Откако и ја намачкала главата и косата со лесно запалива супстанца во кадата, мајката на Черити отишла да готви вечера.

- Се сеќавам дека мирисаше навистина лошо. Сестра ми остана во бањата со мене, но по некое време отидовме и во кујната каде мајка ми готвеше нешто во шпоретот. Отидов да разговарам со неа, но таа пушеше цигара и пепелта ми падна на косата. Се запалив за секунда. Се сеќавам како мајка ми врескаше, но зачудувачки, после тоа веќе не се сеќавам на речиси ништо. Верувам дека беше толку трауматично што пребрзо заборавив на тоа.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: