„Кога Бресквица ќе се уфилма дека е Алекса Деми“: Пејачката поради еден потег привлече големо внимание
Додека се снимаше за следбениците Анџела себе се спореди со американската актерка...
Пејачката Анџела Игњатовиќ Брескица по крајот на врската со Михајло Веруовиќ Војаж, со секоја објава ја интригира јавноста. Едно време потполно се повлече од социјалните мрежи, а по песната „Среќен пат“, го најави своето враќање на музичката сцена.
Од тогаш со следбениците постојано споделува фотографии, а тие постојано копнеат по повеќе детали за нејзиниот живот.
Последната во низата објави која ја објави на Инстаграм е онаа на која себе се споредува со американската актерка Алекса Деми, а една од нејзините попознати улоги е онаа во серијата „Еуфорија“.
„Јас кога ќе се уфилмам дека сум Алекса Деми“ - напиша пејачката во објавата.
Доколку малку подобро се загледате, на оваа фотографија Бресквица помалку и потсетува на актерката поради начинот на кој е нашминкана.
фото: Profimedia