Кога дознал дека синот ги малтретирал децата на училиште таткото смисли казна: Сега сите му аплаудираат (ВИДЕО)

Кога дознал дека синот ги малтретирал децата на училиште таткото смисли казна: Сега сите му аплаудираат (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Која е вистинската реакција кога учителката или наставничката ќе кажат дека вашето дете ги малтретира другите деца по училиште? Поголемиот дел од родителите ги тераат децата јавно да се извинат, но таков потег не направил овој самохран татко.

Патрик Форсет од наставничката дознал дека неговиот 9-годишен син малтретира едно од децата во училиште. Овој самохран татко тогаш одлучил на овој начин да го „казни“ синот.

Прво седнал и разговарал со момчето, а преку разговорот му објаснил дека тоа што го прави не е во ред, а потоа му кажал сам да смили како ќе ја поправи ситуацијата и да му се извини на пријателот.

„Не барав од него да му се извини, туку му објаснив дека уште има време да ја исправи грешката која ја направил. Не можеме да го вратиме времето, но секогаш можеме да се обидеме да ги поправиме работите“ - објаснува таткото во видоето, кое има скоро 1 милион прегледи.

Потоа неговиот син го направил следното: го прашал момчето кое го повредил што сака, а кога дознам дека во прашање се Покемони, одлучил да му подари две од своите златни Покемон картички.

„Само искрениот разговор дава резултати. Така ги учиме своите деца како да ги решат проблемите и да ги поправат своите грешки“ - додаде таткото, чија идеја ги воодушеви корисниците на ТикТок.

@thehalfdeaddad Replying to @mightyschneidy Let’s just always be kind #endbullyingnow #justbekind #lovewins2023 #QuakerPregrain Inspiring Emotional Piano - Metrow Ar

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: