Кога филмот станува реалност: Тажната судбина која го задеси момчето кое глумеше заедно со Чаплин
Во неговиот живот се случила голема трагедија...
Малиот Џеки Куган имал само шест години кога станал ѕвезда на немиот филм „The Kid“ од 1921 година, глумејќи покрај легендарниот Чарли Чаплин.
Чарли го открил додека настапувал во театарот „Орфеум“, еден од најпознатите театри во Лос Анџелес и тогаш почнала неговата филмска кариера.
Откако се прославил настапувајќи покрај големата ѕвезда, малиот Џеки заработил дури четири милиони долари, но од тоа немал некоја голема корист. Парите ги потрошиле неговата мајка и очув, кои со неговото богатство живееле луксузен живот. Во ноември 1938 година, неговиот близок пријател Брук Харт бил киднапиран и убиен. Кога неговите убијци завршиле во затвор, разгневена толпа упаднала во нивната ќелија, ги линчувале и ги обесиле во блискиот парк. Џеки, исто така учествувал во линчот.
Само една година подоцна, во неговиот живот следувала голема трагедија. Неговиот татко и најдобар пријател Џуниор Даркин, починале во сообраќајна несреќа, во која Џеки бил единствениот преживеан. Кога наполнил 21 година, открил дека неговата мајка и очув потрошиле огромна сума на парите кои ги заработил, поради што за финансиска помош морал да го моли Чарли Чаплин.
Тогаш одлучил да ги тужи родената мајка и нејзиниот сопруг. Иако ја добил пресудата, Куган не можел многу да профитира од неа. Бидејќи голем дел од парите биле потрошени, на Џеки му останеле околу 126.000 долари, што во споредба со четирите милиони е мала сума. Меѓутоа, оваа правна битка привлекла толкаво внимание, што во 1939 година во Калифорнија е донесен нов закон со цел да се заштитат децата актери. Тој закон обезбедил 15 отсто од заработката на детето актер да мора да се издвојува, шт ое износ кој децата ќе може да го користат кога ќе станат полнолетни. Тој правен акт го добил името „Законот на Куган“.