Кога мама ќе ти позајми облека: Захара и Шајло Џоли-Пит во фустани на Анџелина - ги рециклиравме моите стари работи рече актерката
фото:Guliver Image/Profimedia
Анџелина Џоли го имаше најдоброто друштво на премиерата на нејзиниот нов филм „Eternals“, што се одржа во Лос Анџелес. Со неа, пред фотографите зачекорија и нејзиниот 20-годишен син Медокс, 16-годишната ќерка Захара, 15-годишната ќерка Шајло и 13-годишните близнаци Вивиен и Нокс.
Кога станува збор за модата, Захара најмногу се истакна, избирајќи фустан од гардеробата на нејзината мајка за таа пригода, кој сите инстантно го препознаа.
Имено, Захара на премиерата дојде во тоалета од модната куќа Ели Сааб, која Анџелина ја носеше на Оскарите во 2014 година.
Моите деца се во винтиџ облека и мојот фустан од Оскарите, вечерва. Сите избравме винтиџ парчиња и ги рециклиравме моите стари работи, рече познатата актерка во интервју за новинарите.
Фустанот беше редизајниран и прилагоден на висината на Захара, исто како и моделот што го носеше Шајло, која на премиерата дојде во фустан во кој Анџелина учествуваше оваа година на церемонијата на дипломирање на Француската апидолошка опсерваторија како дел од проектот „Жени за пчели“, што го започна во соработка со брендот Герлан и УНЕСКО.
извор:zadovoljna.dnevnik.hr