Кога не може со пријателите - може дома: Тинејџерка ја прослави матурата со родителите
Бидејќи многу матурски забави се откажани поради тековните околности, родителите на оваа тинејџерка се обидоа прославата да ја организираат дома.
Имено, оваа мајка не можела да замисли нејзината 17 - годишна ќерка да ја пропушти училишната матурска забава. Па така, заедно со сопругот ја расчистеле куќата за да создадат простор за танцување, а на ќерката и помогнале да се облече и среди исто како за најважната ноќ на секој матурант.