Кога пријателите ќе станат љубовници: Кортни Кардашијан потврди дека е во врска

Кога пријателите ќе станат љубовници: Кортни Кардашијан потврди дека е во врска

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Откако веќе подолго време се зборуваше дека Кортни Кардашијан е во врска со тапанарот на популарниот бенд Blink - 182, Тревис Баркер, двојката конечно ја потврди својата љубовна врска.

Кортни на Инстаграм сподели фотографија на која се држат за раце, па така јавно покажа дека се во љубов, а обожавателите на двојката се воодушевени.

„Кога пријателите ќе станат љубовници. Ве молам, венчајте се“ - напиша еден нејзин следбеник на Инстаграм.

Кортни со Тревис се дружи повеќе од 10 години, а и живеат еден спроти друг во Калабасас.

„Му се допаѓаше долго време, а на неа сѐ повеќе ѝ се допаѓаше идејата за врска со него. Тој е добар тип и одличен татко“ - рече мајката на Кортни, Крис Џенер за медиумите.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: